Компанијата Green Valley со седиште во Абу Даби, го избра Вогошќе во Босна и Херцеговина, каде што на еден од највисоките врвови над Сараево ќе се гради градот Зелена долина.
Овој голем проект ќе претставува комплекс на 73.000 квадратни метри, со 106 вили и 224 апартмани (студио, еднособни и двособни), кој ќе вклучува и бројни ексклузивни објекти, услуги и забавни содржини, како што се базени, шеталиште, кошаркарско игралиште, фитнес центар, супермаркет, ресторани, кафулиња и друго, пишува Klix.
Проектите во БИХ се дел од стратегијата на компанијата Green Valley, коишто на државјаните на земјите од Заливот сакаат да им понудат можност да инвестираат во имот надвор од нивниот регион.
Сопственикот на оваа компанија, Али Сид Ал Салами, изјавил дека се привилегирани што можат да го објават овој голем проект во Сараево.
„Ова е луксузен проект кој нуди големи можности за инвестирање во градови кои се сметаат за совршени туристички дестинации“, истакнувајќи дека очекуваат побарувачката за овие недвижнини да биде феноменална.