Насловна / Вести / Зелен водород во јавниот превоз на Барселона

Зелен водород во јавниот превоз на Барселона

Компанијата за јавен превоз Transports Metropolitans de Barcelona (TMB) ја избрала понудата на шпанската енергетска компанија Iberdrola за снабдување на својата флота на градски автобуси со водород од обновливи извори, почнувајќи од 2021 година. За да се овозможи полнење на автобусите на TMB,  Iberdrola ќе изгради и ќе управува со водородна постројка која се простира на 5.000 квадратни метри, во логистичкото и индустриско подрачје Zona Franca, кое се наоѓа во квартот Sants-Montjuïc во Барселона.

Оваа постројка, како што јавуваат од Iberdrola, ќе биде прв таков јавен објект во Шпанија, а во него ќе се дистрибуираат обновлив водород кој е добиен по пат на електролиза. Така ќе се поттикне создавање на јазли на зелен водород во едно од водечките индустриски подрачја во Каталонија и воопшто во Шпанија. Инаку, TMB купил осум автобуси во кои е вградена најновата водородна технологија. Тие ќе бидат испорачани во ноември 2021 година, а во редовен сообраќај ќе с енајдат во почетокот на 2022 година.

iberdrola1

iberdrola2

Испрати коментар

Scroll To Top