Насловна / Вести / Зелен сојуз помеѓу ЕУ и Норвешка

Зелен сојуз помеѓу ЕУ и Норвешка

Европската унија и Норвешка, основаа зелен сојуз со цел интензивирање на заедничкото дејствување во подрачјето на климата, чистата енергија и индустриската транзиција. Спогодбата во Брисел ја потпишаа претседателката на Европската комисија Ursula von der Leyen и норвешкиот премиер Jonas Gahr Støre. Двете страни повторно ја истакнуваат својата одлучност емисиите на стакленички гасови да ги намалат за барем 55% до 2030 година во однос на 1990 година, и најдоцна до 2050 година да постигне климатска неутралност. Целта е порастот на глобалната температура во согласност со Парискиот договор, да се задржи под границата од 1,5 °C, со истовремено обезбедување на енергетската сигирност, заштитата на животната средина и човековите права.

EUNorway1

ЕУ и НОтвешка блиску ќе соработуваат со цел да обезбедат успешно спроведување на Парискиот договор и историскиот договор за биоразновидност, договорен на Конференцијата COP15. Зелениот сојуз на ЕУ и Норвешка, ќе биде фокусиран на неколку подрачја. Прво, тоа е поодлучна борба против климатските промени, вклучувајќи и соработка во подрачјето на адаптација на климатските промени, одредување на цената на јаглеродот, како и зафаќање и складирање на јаглеродот. Потоа, подобрување на соработката по прашањата на заштита на животната средина, со акцент на запирање на процесот на загуба на биодиверзитетот и деградацијата и сечењето на шумите, промовирање на циркуларната економија, одржливо управување со океаните, како и декарбонизација на сообраќајот. Сојузот исто така ќе биде посветен и на зајакнување на регулаторната и деловна соработка, со цел да се утврдат глобални стандарди за иновативни еколошки решенија потребни за премин на циркуларна економија и економија со нулта стапка на емисии; зацврстување на постоечката соработка во истражувањата, образованието и иновациите во подрачјата на декарбонизација, енергија од обновливи извори и биоекономија, како и промовирање на одржливо финансирање и вложување. Зелениот сојуз е најсеопфатниот облик на билатерална соработка воспоставен во склоп на Европскиот зелен план. Двете страни се обврзуваат на климатска неутралност и ускладување на своите национални и меѓународни климатски политики за постигнување на таа цел. Тоа е втора спогодбна од ваков вид; прв е Зелениот сојуз помеѓу ЕУ и Јапонија, потпишан во 2021 година.

eunorway2

ЕУ и Норвешка исто така заеднички ќе промовираат амбициозно дејствување во подрачјето на климата во глобални размери. За таа цел, како едни од водечките донатори на финансиски средства за борба против климатските промени ќе соработува во пружање на поддршка на земјите во развој, во процесот на спроведување на нивните политики во подрачјето на климата и животната средина. Со цел порастот на глобалните температури да се задржи под 1,5 °C, во спогодбата се потврдува дека целосното почитување на начелото на претпазливост од пресудна важност во арктичкиот регион.

Испрати коментар

Scroll To Top