За пејзажното обликување на оваа оаза на мир, зеленило и уживање лоцирана во срцето на Врачар одговорно е белградското биро Landscape Factory.
Со вкупна површина од 170 квадратни метри, ова засолниште од современата гужва, според зборовите на пејзажните архитекти, креирано е на начин максимално да се искористат сите потенцијали и можности за престој на отворен простор.
Модерно обликување со јасна и чиста форма
Лежалка, перголи со ползавци, ограниченост со ободно високо зеленило, зони за одмор, плато со огниште, покриен простор со скара и трпезариска маса, затворена летна кујна – се формирани елементи за интензивно користење на градината во што поголем дел од годината.
„Модерно обликување, со јасни и чисти форми, постигнато е со изградба на простор за засадување различни димензии и висини“ – велат архитектите, кои на овој проект му го дале името Bathed In Sun (искапен од сонце).
Со периметар во вид на потенки потпорни ѕидови оставен е простор за непречен раст на дрвјата и различното зеленило и на елегантен начин постигната длабочината на потребниот супстрат, со оглед на тоа што подземната гаража на објектот се наоѓа под целата градина.
„Така се создадени зони на различни содржини на градината, но и интересни визури кои од внатрешноста отвораат специфични сцени на екстериерот“, објаснува понатаму проектантите.
Внимателно бирани детали
Доминантноста на белата боја, светлите тонови на надворешната керамика и дрвените елементи, го отвораат просторот и го прават попростран, нагласувајќи ги линиите на движење, линеарните хоризонти на периметарските огради и ѕидовите на жардињери.
„Како и при изградба на секој екстериер, и овде се водеше сметка за внимателно бираните детали – рачно изработен дрвен кревет за лулање, едноставни бели метални перголи со сајли за пузавици и модерно огниште кое доминира во централниот простор покрај кубичната жардињера со големо стебло Koelreuteria paniculata“ – наведува архитектот.
Разиграноста на архитектонските структури на надворешниот простор создава необичен пејзажно-архитектонски амбиент на оазата, како еден вид зелен остров во урбаната целина.
„Конечниот изглед на градината е надополнет со саксии со растенија, мебел, интересно осветлување и детали. Корисниците на екстериерот можат само да се релаксираат и максимално да уживаат во околината што ги опкружува“ – нагласуваат на крајот Landscape Factory.