Насловна / Архитектура / Зелен облакодер во Сеул: Иновација во срцето на метрополата

Зелен облакодер во Сеул: Иновација во срцето на метрополата

Сеул ќе добие необичен облакодер за чиј дизајн е заслужно архитектонското студио ODA. Според најавите, станарите ќе имааат своја зелена оаза и свеж воздух, бидејќи на средина на градбата е предвиден отворен простор полн со зеленило. Наречен, Terrarium Cheong-Dam, овој облакодер ќе биде висок 200 метри. Во подножјето ќе мултифункционален простор составен од два ката отворени за јавноста, со парк во кој ќе се најдат водена површина, скулптури, градини и внатрешен галериски простор. Најинтересниот дел од проектот е неговиот „терариум“, сместен малку над половина од височината на зградата. Во него ќе биде присутна бујна вегетација и простор за седење и уживање во глетката на градот.

seoul1

Внатрешноста на зградата ќе има над 34.000 квадратни метри, а на 45 ката ќе бидат распоредени канцелариски простор и луксузни станови. За приземјето се предвидени неколку малопродажни објекти, додека на нивото на подрумот ќе се најде клуб резервиран само за членовите. Сеуште не е објавено кога би требало да биде завршена изведбата на овој проект, кој неодамна победи на архитектонски конкурс.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top