Еден од подалечните потомци на Алфред Нобел, доделува награда „Зелен Нобел“ за борците за заштита на Амазонската прашума. Наградата нема врска со Нобеловата фондација. Имено, Маркус Нобел, шведско – американски деловен човек кој живее во Портланд, САД, вовел годишна награда за проекти за заштита на Амазонската прашума и нејзината биразновидност.
Наградата United Earth Amazonia ќе биде доделена во јуни следната година за шестмина добитници на свеченост во Манаус. Сеуште не е одлучено колкави ќе бидат паричните средства кои исто така ќе бидат дел од наградата. За прв пат оваа награда е доделена минатата година, но без финансиски дел. Следната година освен паричен дел, наградата ќе биде проширена и на земјите во сосседството на Бразил кои ја делат прашумата.