Британскиот проектант Томас Хардевик го претстави својот концепт за пешачки мост преку Темза. Мостот ќе биде прекриен со зеленило, а се планира да биде целосно завршен во текот на 2017 година. “Heatherwick Studio” работи на овој проект во соработка со пејзажниот дизајнер Ден Пиарсон. Мостот со вкупна должина од 367 метри ќе има две патеки одвоени со дрворед и зеленило. Според зборовите на проектантот, Лондон како град ја должи својата локација токму на реката Темза. Токму затоа, на градот му е потребен ваков мост, кој ќе биде подобар за пешаците од постоечкиот „Ватерлу“ (Waterloo Bridge). Идниот мост „Градина“ (The Garden Bridge) ќе биде пријатно место за пешаците и ќе внесе повеќе зеленило во урбаното јадро на Лондон.