Од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, решија да покажат на надлежните инстуции како треба да се раководи со автомобил паркиран врз вело-лента, кој ја загрозува безбедноста и го попречува патот на велосипедистите во една хипотетичка ситуација.
Велат дека не е прв пат да налетаат на автомобил паркиран врз вело-лента и ги земаа работите во свои раце и рачно кренаа автомобил од велосипедска патека.
„Се надеваме дека место ние да ги земаме овие работи во наши раце (буквално), тие ќе бидат одговорни во вршење на нивната должност. Башка, и пајак имаат, не мора вака рачно автомобили да преместуваат“, велат од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД.
На следниот линк можете да видите како тоа изгледа: https://www.facebook.com/ZelenHumanGrad/videos/617813732585189