Насловна / Вести / Зелен град никнува во пустината

Зелен град никнува во пустината

mas

Масдар е град кој никнува од песок и треба да симболизира оаза среде пустината. Проектот за новиот град во Абу Даби, водечкиот нафтен магнат во рамките на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) започна во 2008 година. Масдар (Извор) е лоциран во средиштето на Персискиот Залив, подрачје соочено со многу предизвици. Еден од најголемите предизвици, секако, претставува климата. Амбиенталните температури достигнуваат до 55°C во лето, а ветерот некогаш е со брзина и над 80 km/h. Замислен и проектиран како 100% зелен град, намерата е Масдар да вдоми 50.000 луѓе на површина од околу шест квадратни километри, овозможувајќи притоа оптимални услови на комфор со минимална потрошувачка на енергија. Се разбира, енергијата е обезбедена од обновливи извори на енергија.

mas (2)

Социјални и економски промени

Овој навистина несекојдневен потфат е своевиден економски и социјален парадокс. Иако економијата во овој регион примарно се базира на приходите од нафта и гас, креаторите на политики односно лидерите се свесни дека овие конвенционални или фосилни енергетски ресурси се исцрпуваат многу брзо. Во првата декада од 21 век, Емиратите забележаа дека нивните резерви на гас и нафта ќе траат во наредните 150 години. Затоа одлучија да се потпрат на обновливите енергии, и токму планот за користење на енергија од обновливи извори претставува пресвртница и почеток на нова енергетска стратегија на регионот. Градот Масдар, кој инаку чини 22 милијарди долари, требаше да ја претвори оваа желба во реалност. Токму како што вели Nick Brown, одговорен за одржливиот развој на Масдар, „мора да постои баланс помеѓу следните три елементи: луѓето, планетата и профитот“, ете на тој начин и властите во Абу Даби го разбираат развојот и напредокот.mas (11)

Одлуката да се изгради ваков модел односно концепт на град е исто така социјален парадокс. Еден студент, станар во новиот 100% одржлив универзитетски кампус од зелениот град коментира: „Во почетокот мислев дека нема да преживеам во овој град. Бидејќи во овој дел од светот идејата за рециклирање е сосема нова, зелениот начин на живот станува сè позначаен, првенствено поради напорите на владата да ги охрабри граѓаните во преземањето акции за заштита на животната средина“.

Во земјата позната по својот висок животен стил, градот Масдар се појавува како отворена врата за револуција кон подигање на свеста за заштита на животната средина.Duncan Chard for the National mas (5)

Вистински еко град

Не треба долго време за еден посетител да се убеди во 100% зелените перформанси на градот. Доказите за поддршка на овој факт се видливи буквално на секој чекор. Едно огромно градилиште кое настојува да се рециклира отпадот, фасцинантна одржлива архитектура како и технолошките иновации во чистата енергија, се само некои од примерите.

Амбицијата беше огромна да се изгради град во кој ќе нема загадување и отпад, а во кој дури ќе може да се произведува енергија од обновливи извори. Крис Ван, главниот проектант на Масдар, нагласи дека владејачката династија во Абу Даби била творецот на оваа идеја. Основачот на ОАЕ, сега веќе починатиот шеик Заид бин Султан ал Нахајан, постојано бараше од народот да изгради посебен однос и почит кон животната средина. Многумина го опишуваат како „најмудриот Арап“, кој ја направи својата држава попросперитетна со тоа што изгради рафинерии и станици за десалинизација на водата. Еколошкиот град што се протега на шест квадратни километри го проектираше архитектонската фирма на Норман Фостер и требаше да биде готов за 10 години.mas (10)

Целта беше да се привлечат 1.500 мултинационални и нови компании, со тоа што градот сам би произведувал енергија и би претставувал добро место за личен и технолошки напредок. До 2020 година се очекуваше градот да брои 50.000 жители. До 2008 година беа завршени главните објекти од проектот, односно околу 15 згради во кои беше сместен институтот „Масдар“, односно универзитетскиот кампус кој има капацитет за 500 студенти.

Проблеми во рајот

Меѓутоа, финансиската криза од 2008 година не го одмина ниту овој град. Сите буџети беа ревидирани затоа што Абу Даби мораше финансиски да му помогне на Дубаи. Буџетот на Масдар беше ограничен на 18 милијарди долари, а рокот за завршување беше одложен најрано за 2015 година. Пазарот на недвижнини пропадна и запреа сите градежни работи. Интересот за живеење во овој град драстично се намали. Спласна и интересот од веќе најавените мултинационални и нови компании. Исто така се појавија и многу технички проблеми. Сложените технички системи повторно се разгледаа и се проценија, а според новиот план треба да се изгради фарма со соларни панели на периферијата на градот.mas (6)

За жал, таа нема да ги даде потребните резултати поради проблемот со прашината од пустината. Наслагите од прашина сериозно влијаат врз ефикасноста на панелите, односно ќе го намали очекуваното производство на електрична енергија.
Седиштето на Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА) се наоѓа во близина на германската компанија „Сименс“, која беше првата што отвори свое претставништво во еколошкиот град, во замена за профитабилни договори со земјата. Работите сепак се придвижуваат, но далеку од првично предвидената динамика.

Промени во концептот на одржлив транспорт

Кризата не ги одмина и другите сегменти од развојот на градот, меѓу кои и новиот одржлив сообраќаен систем. Градот требаше да биде изграден на столбови, за да може да му се овозможи полесна навигација на транспортот со автономни возила. Овој систем сѐ уште постои како прототип и најверојатно нема да се развива понатаму. Наместо него, ќе се користат едноставни електрични возила. Првобитната идеја беше градот детално да ја следи енергетската потрошувачка на секој жител, но и тоа се укина. Андреас Хеншел, професор по компјутерски науки, вели дека оваа идеја се откажала од етички причини.

mas (7)

Со каква динамика ќе продолжи изградбата не е многу благодарно да се прогнозира имајќи ги предвид сложените околности. Сепак, и делумната реализација на овој грандиозен план е повеќе од револуционерна, особено поради фактот што се развива во традиционално затворена средина. Ова е сериозна лекција за остатокот од светот која треба да поттикне радикални промени во однесувањето на креаторите на политики и конечно позиционирање кон промоција на одржливиот развој.mas (8) mas (9)

 

Испрати коментар

Scroll To Top