Насловна / Вести / Здружението Гоу Грин Скопје по трет пат собра и достави младински барања за зелени општини

Здружението Гоу Грин Скопје по трет пат собра и достави младински барања за зелени општини

Во целост ви го пренесуваме известувањето на Гоу Грин Скопје.

Годинава по трет пат го отворивме повикот (прашалникот)  за прибирање нови младински барања за зелени општини за 2024 година и беше отворен од јули до месец септември со кој собравме по околу 50-тина барања по општина.

Прашалникот беше наменет за лица на возраст од 15 до 29 години (како што е наведено во Законот за млади на РСМ) и во него дадоа конкретни барања/предлози  каде сакаат да ја видат промената во нивните општини. Целта на овој прашалник е да собере што е можно повеќе предлози и да ги испрати до градоначалниците на соодветните општини .

г

Од собраните младински барања се избираат десет барања по општина. Секое барање коешто е доставено никако не е за потценување и да бидеме искрени малку ни е тешко кога треба да се издвојат најдобри десет. Првата селекција е преку избирање на оние кои содржат прецизни активности на точно определени локации, на пример барањето: Повеќе зеленило е општо и немаме како да го следиме дали е реализирано, додека пак барањето: Засадување дрвја на улица ХХ е веќе определено и дефинирано. Затоа, бидејќи барањата треба успешно да бидат имплементирани, гледаме да се изберат најкорисните и најреалните кои понатака ќе придонесат за позелена општина. Барањата се селектираат според надлежностите што општините ги имаат, заедно со младинските претставници или младинските службеници за да може да биде што пореално реализирано наредната година.

Младински барања за зелени општини 2024

Пред една недела заедно со резултатите од националното истражување кај младите за нивното учество во зелени политики на локално нив оги објавивме и новите младински барања за зелени општини за 2024 година. Освен јавно, истите беа доставени и до градоначалниците, службениците за млади и советниците во општината.

О. Аеродром - Младински барања за зелени општини

До сега можеме да кажеме дека општините со кои соработуваме (Општина Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Куманово, Гостивар и Прилеп), а особено и градоначалниците се запознаени со целиот наш процес, заедно со нашите еко-активисти се отворени за комуникација и соработка.

И меѓу овие со кои соработуваме постојат општини што се и што се помалку заинтересирани, точно. Разликата е во тоа што откако ќе си заминеме од кабинетот/канцеларијата во општината од некои општини добиваме информации и не вклучуваат во реализација на некои од барањата, додека пак со други треба да иницираме ние контакт.

О. Гостивар - Младински барања за зелени општини

Но, досегашната работа кажува дека има доста луѓе, особено младинските претставници се секогаш достапни и секогаш заинтересирани да поттикнеме промена и да ја подобриме младинската инфраструктура во општините каде што соработуваме.

О. Кисела Вода - Младински барања за зелени општини

Нашиот став е дека мора целиот граѓански, особено младинскиот сектор да биде погласен за имплементацијата на овој Закон. Централната власт, односно пратениците одат чекор наназад бидејќи со неодамнешната дискусија за измени во Законот не прифаќаат да има казни за општините кои не си ги исполнуваат обврските, а одат и чекор понатаму да предложат дека младинските центри не мора да се отвораат доколку општината не сака, а и ако ги отворат да не мора да има вработено сертифициран младински работник. Дополнително, надзорен орган за имплементација нема. Бројките сами по себе говорат дека интерес нема, 20тина од 81 општина имаат формирано ЛМС, а младинските центри се бројат на една рака. Затоа сметаме дека вакви микро процеси како е нашата иницијатива се потребни за да ги „раздвижат“ и младите и вработените во општините за овие младински прашања. Да се создаде ниво на свест и разбирање со цел да се надминие токенизмот, и да има суштинско младиско учество.

Линк до новите барања за зелени општини за 2024 година

О. Куманово - Младински барања за зелени општини О.Чаир - Младински барања за зелени општини

Испрати коментар

Scroll To Top