Насловна / Архитектура / Збогум Накагин: Во Токио започна уривањето на кулата на Курокава

Збогум Накагин: Во Токио започна уривањето на кулата на Курокава

Додека еден од симболите на метаболичкото движење во архитектурата заминува во минатото, станарите собираат средства за зачувување, донирање или преместување на капсулите.

Во Токио деновиве започна демонтажата на Nakagin Capsule Tower, објект проектиран со визија за приспособлива, динамична и постојано променлива архитектура.

2

Овој култен јапонски станбен блок, проект на архитектот Кишо Курокава, се урива поради се понестабилната конструкција и некомпатибилноста со сегашните сеизмички стандарди.

Ентериерите се во процес на празнење поради подготовка за отстранување на азбестот, по што ќе следи целосно демонтирање на објектот.

1

Станарите сакаат да ги зачуваат капсулите

Кулата на Курокава е изградена во 1972. година во токискиот кварт Гинза. Се состои од две меѓусебно поврзани бетонски кули, на кои се прцврстени 140 монтажни челични капсули претворени во мали станбени единици.

Плановите за демонтирање на кулата беа потврдени минатата година, што ги натера станарите да почнат да собираат средства за зачувување, донирање или преместување на капсулите.

5

Една од групите кои ќе го задржи модулот се вика Project Nakagin Capsule Tower A606, а има за цел да ја обнови и модифицира капсулата со број A606.

Членовите на оваа група велат за Dezeen дека, иако се започнати работите за уривање на екстериерот на зградата, поголемиот дел од внатрешноста на кулата веќе е демонтиран.

„Работите на уривање официјално започнаа на 12. април, но внатрешното демонтирање и другите работи беа направени нешто порано“, изјави претставничката на групата Акико Ишимару.

Ишимару изјави дека работите за уривање ќе започнат со отстранување на сите преостанати внатрешни елементи, заедно со азбестот.

После тоа, капсулите ќе бидат отстранети, а потоа ќе се урнат бетонските кули што ги носат. Уривањето се очекува да трае до крајот на 2022 година.

4

Пионер на метаболистичката архитектура

Пред 12. април, Ишимару и другите вклучени во проектот ја документирале зградата со мерења, фотографии, видо записи и 3Д скенирање.

Групата планира да зачува една од капсулите и да ја трансформира во „мобилна капсула“, за која велат дека ќе го почитува концептот на Курокава за „архитектура во движење“ и приспособливост.

7

Курокава, кој почина во 2007 година, ја проектирал кулата Nakagin Capsule Tower за време на јапонското метаболистичко движење, на кое бил пионер заедно со Кијонори Кикутаке и Фумихико Маки.

Метаболистичката архитектура се залагаше за проектирање згради кои би биле прилагодливи и заменливи.

Малите станбени единици сместени во капсули се проектирани да се ротираат и да се заменуваат на секои 25 години.

За жал, поради недостаток на финансиски средства, тоа никогаш не е реализирано, што доведе до нивно пропаѓање низ децениите.

Целта на Курокава за кулата била да привлече деловни луѓе кои бараат компактен и погодно лоциран стан.

6

Збогување со саканата зграда

Секоја од капсулите во зградата е со димензии 2,5 x 4 метри, оживеана е со кружен прозорец и содржи вградени станбени простори и мебел.

„Додека бевме внатре во капсулата и ја набљудувавме, низ прозорецот видовме многу луѓе. Се чинеше како да дојдоа да се збогуваат со зградата за последен пат“, вели на крајот Ишимару.

Испрати коментар

Scroll To Top