Насловна / Вести / Збогум на „џогерите“: Овој тенок премаз овозможува самочистење на соларните панели

Збогум на „џогерите“: Овој тенок премаз овозможува самочистење на соларните панели

Соларните панели не можат ефикасно да функционираат ако се покриени со нечистотија, но нивното редовно чистење може да биде навистина напорно и одзема време. Меѓутоа, инженерите од институтот Fraunhofer во Германија развиле ултра тенок премаз што може да направи соларните панели и други површини да се самочистечки.

Соларната енергија е големиот извор на обновлива енергија и нејзината употреба забрзано расте. Но, како што можете да претпоставите, не е баш изводливо да се испрати некој со „џогер“ да исчисти илјадници панели во секој соларен парк. Идеално би било сами да се чистат, а германските истражувачи направија чекор кон овој концепт.

1

Клучната состојка е титаниум оксид

Истражувачкиот тим креирал премаз кој како одговор на присуството на вода создава решение за чистење на соларните панели или некои други површини.

Клучната состојка на премазот е титаниум оксидот, кој во својата нормална состојба ја одбива водата, формирајќи капки кои лесно се тркалаат, пишува NewAtlas.

Меѓутоа, кога титаниум оксидот е изложен на УВ светлина, тој ја менува состојбата и станува многу привлечен, што како резултат ја одржува површината влажна благодарение на тенок слој вода.

4

Практично објаснето, прашината или друга нечистотија што се акумулира во текот на денот на панелите не може да се залепи на површината бидејќи тенкиот слој вода го спречува тоа, бидејќи истата вода навечер, кога нема повеќе зрачење, се претвора во капки кои лесно се тркалаат и така ја носат нечистотија со себе.

Како бонус, овој слој нуди и дезинфекција, бидејќи кога титаниум оксидот се активира со УВ светлина ги уништува органските молекули и на тој начин ефикасно ја стерилизира површината.

3

Стаклена фолија за масовна примена

Германските научници замислиле дека премазот може масовно да се произведува во форма на стаклени фолии и може да се примени на постоечки соларни ќелии, прозорци или други површини.

2

Во спроведеното тестирање, тимот користел пилот-пстројка за производство на ролни од тенко стакло ширина 30 сантиметри, должина 20 метри и дебелина од само 100 микрометри, со облога од титаниум оксид дебелина до 150 нанометри.

Секако, постојат и проблеми, тимот истакнува дека тенкото стакло сепак е многу кревко и подложно на влијание на топлина. Нивната идна работа ќе се фокусира на овој сегмент, како и можноста за употреба на полимерни филмови.

Испрати коментар

Scroll To Top