Насловна / Архитектура / „Збогум Ленин“, книга за напуштена архитектура

„Збогум Ленин“, книга за напуштена архитектура

„Збогум Ленин“ е книга на францускиот фотограф Jonk, која претставува избор на фотографии направени за време на неговото петгодишно изтражување ширум Источниот блок.

Jonk патува по светот, барајќи напуштени места и архитектура. Досега посетил повеќе од 1.500 места во речиси педест земји на четири континенти. Го привлекуваат оние места на кои влијаело само времето, не и човековите интервенции. Напукнати ѕидови, излупена боја, зарѓано железо и природа која ја превземала архитектурата е она што Јonk најмногу го интересира. Кога ќе стекне впечаток дека времето застанало, тое е за него вистинско место да направи фотографија.

книга_resize

После книгата на Јonk за спомениците на поранешна Југославија, овој пат овој француски фотограф се насочил на остатоците на советската архитектура ширум Источниот блок. Така настанала книгата „Збогум Ленин“ со фасцинантни слики, како руиниран театар на кој на кирилица е напишан цитат на Ленин: „Уметноста припаѓа на народот“, а тука е и фотографија на стратешки мапи за нападот на Берлин, фотографирани во седиштето на Советските сили во Источна Германија. Една од најзапазените фотографии е онаа на кров на зграда во Припјат во забранетата зона во Чернобил со метална конструкција која завршува со срп и чекан.

„Збогум Ленин“ е петта книга на Jonk во која е претставен избор на фотографии реализирани за време на 16 патувања помеѓу 2015. и 2019. година. Патувал низ сите поранешни советски републики во Источна Европа, денес независни држави: Естонија, Латвија, Литванија, Белорусија, Украина и Молдавија, но и земјите кои припаѓале на Источниот блок: Источна Германија, Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија и Бугарија. Едно поглавие посветено е и на Русија, односно остатоците од ерата на Ленин.

латвиа_resize

Војна база во Летонија

украин_resize

Театар во Украина со натпис „Учете воени науки на вистински начин“- Ленин

полска_resize

Базен во воена болница во Полска

естонија_resize

База за подморници во Естонија

молдавија_resize

Фабрика во Молдавија

герм_resize

Бараки во Германија

чеш_resize

Болница во Чешка

бугарија_resize

Театар во Бугарија со натпис „Упорноста води до реализација на целите“

Испрати коментар

Scroll To Top