Утре, во хотел Инекс Дрим Струга со почеток во 10.30 часот ќе се одржи завршна конференција на проектот „Зголемување на енергетската ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија во меѓуграничниот регион“, финансиран од Европската Унија, во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија.
Проектот беше насочен кон подобрување на животните и работните услови за сметка на енергетската сиромаштија, намалување на емисијата на ЦО2, како и промоција за искористување на ОИЕ и заштита на природните ресурси во Југозападниот плански регион.
Проектот беше со вкупно времетраење од 15 месеци, и во тие рамки се спроведоа следниве активности: Управување со проектот, Кампања за подигнување на јавната свест, Отворени предавања за пошироката јавност – за ЕЕ и ОИЕ , Обука за општинската администрација – за ЕЕ и ОИЕ, Одредување на потенцијалот на ОИЕ и ЕЕ во Југозападниот плански регион, Одредување на можностите за искористување на ОИЕ и имплементација на ЕЕ во Југозападниот плански регион, Пилот проект – спроведување на четири Енергетски контроли на четири јавни објекти во Југозападниот плански регион.
Насловна / Вести / Завршна конференција на проектот за Зголемување на енергетска ефикасност во Охрид