Во Лозово, денеска, свечено беше означен завршетокот на првата фаза од работите на реновирање на патот од клучката Велес преку Лозово до Кадрифаково. Средствата во висина од 1,3 милиони евра за овој проект се обезбедени од Владата на Република Македонија преку Европската банка за обнова и развој.
Делницата, која е прва фаза од обновата на овој пат, сега комплетно е рехабилитирана и извршени се проширувања на постојниот коловоз од 6,4 на 7 метри во населените места Лозово и Сарамзалино. Патот низ населените места е целосно осветлен со нови електрични инсталации и обнова на сообраќајната сигнализација. Изведувач на работите е австриската фирма Штрабаг АГ.
Според најавите, од целосното реновирање на овој патен правец во вкупна должина од 25,9 километри, кој ќе се изведува во три фази, втората фаза ќе започне во првата половина на април, годинава. Во втората фаза ќе се става трета лента во Лозово во должина од 8,9 километри. Делницата комплетно ќе се рехабилитира и ќе се извршат проширувања на постојниот коловоз од 6,4 на 11,1 метри, а ќе чини 5,8 милиони евра.