969 жители на Центар годинава од општина Центар добија субвенции за купување нов велосипед.
Заврши проектот „Цел Центар на точак“, проект кој трета година по ред го спроведува општината.
Бројот на мажи и жени заинтересирани за купување велосипед годинава речиси беше изедначен, 495 мажи и 474 жени.
Радува податокот што дел од овие велосипеди ќе ги возат најмладите жители на општината.
За реализација на овој проект годинава од Буџетот на општина Центар се одвоени 2 милиони и 800 илјади денари.
Проектот е со цел заштита на животната средина и намалување на сообраќајниот метеж во центарот на градот.