Ошштина Штип го заврши и вториот дел од платформата во река Отиња, во централниот дел на градот. Првиот дел од платформата беше завршен пред една година, а вториот дел беше инвестиција на локалната самоуправа со цел реализација на проектот за уредување на централното градско подрачје.
Општината беше принудена да утврди алтернативен план за поставување на платформата која првично требаше да биде една целина. Но, бидјеќи избраниот изведувач од Бугарија не го заврши проектот и договорот беше раскинат, активностите продолжија со изменет концепт. Наместо цела, палтформата беше поделена на два дела. Вториот дел е завршен пред неколку дена од страна на фирмата „Бау инжинеринг“ која беше избрана на тендер, за сума од 4.3 милиона денари. Преостанува уште техничкото предавање и таа да биде ставена во функција.
По завршувањето на ввториот дел од платформата, уреден е и пешачкиот дел, со што комплетно е среден овој дел од реката. Во тек се градежни зафати за уредување на последните два дела од коритото со што комплетно ќе се уреди коритото.