Насловна / Архитектура / Заврши изградбата на новиот објект на американската амбасада во Лондон

Заврши изградбата на новиот објект на американската амбасада во Лондон

Неодамна е завршена изградбата на новата  hi-tech  зграда на американската амбасада во лондон. На проектот вреден милијарда долари кој е во форма на голема застаклена коцка се работеше седум години. Зградата е многу ефикасна и содржи систем за рецикирање на дождовницата и соларни панели, а планирано е да добие и  LEED Platinum и BREEAM Outstanding сертификати за зелена градба.

LOndon US 6

Американската амбасада во Лондон е дело на проектантската компанија  Kieran Timberlake. Зградата содржи  48.128 квадратни метри на 12 ката и висока е 65m.  Нејзината застаклена фасада делумно е прекриена со транспарентна пластична фолија (етилен тетрафлуоретилен), која е обликувана така што ја намалува сончевата топлина и одсјајот, задржувајќи го погледот кон Темза и дозволувајќи продирање на природната светлина во внатрешноста.

London US 2

London US 4

London US 3

LOndon US 1

Транспарентниот дизајн е избран со цел да ја симболизира транспарентноста и отвореноста на американската политика. Во исто време, идејата била да се искористи најдоброто од американската архитектура, технологија, уметност и култура.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top