Првите ветерни турбини на ветерниот парк „Сењ“ со инсталирана моќност од 158 MW, пуштени се во пробна работа минатата недела. Ветерниот парк има 39 турбини, а во пробна работа се пуштени само четири од нив, додека за останатите тоа ќе биде направено постепено во наредните шест месеци. Кинескиот инвеститор, компанијата Norinco, вложила 230 милиони евра во овој проект, што претставува втора по големина кинеска инвестиција во Хрватска, после Пељешкиот мост, кој чини 526 милиони евра. Од енергетска рента, Жупанијата ќе добива 730.000 евра годишно. На отворањето на новиот ветерен парк во кој се вградени трансформатори на Končar и опрема од Shagai Electric Power Generation Group, бил и поранешниот претседател Стипе Месиќ, кој е промотор на кинеско-хрватската стопанска соработка.