На 15-ти април, во Германија заврши ерата на нуклеарната енергија, која започна пред повеќе од 60 години. Европската енергетска криза предизвика тримесечно продолжување на работата на нуклеарките заради обезбедување сигурност во снабдувањето со електрична енергија. Заговорниците на оваа технологија тврдат дека напуштањето на нуклаерната енергија е прерано и дека ќе резултира во поголеми предизвици за енергетската сигурност, како и во настојувањата да се намалат емиссите на гасови со ефект на стаклена градина. Животниот век на последните нуклеарни реактори требаше да заврши до крајот на 2022, но одлуката е поместена за 15-ти април.
Isar 2 и Neckarwestheim 2, се наоѓаат во јужниот дел на земјата, а нуклеарната електрана Emsland се наоѓа на север. Напуштањето на нуклеарната енергија стана централна политичка тема во Германија во текот на енергетската криза. Дел од опозицијата предводени од CDU се залагаше з ауште едно продолжување на рокот. Жолчни расправи имаше и во редовите на владејачката коалиција. Во анкетата на иститутот IouGov околу две третини од испитаниците се изјаниле против затворањето на пеостанатите три нуклеарни електрани. Само 26% неусловено го поддржале целоснотот затворање на нуклеарките.
Германија уште во 2000 година одлучи во фази да ги згасне нуклеарните реактори, а сега ќе треба уште неколку децении за целосно безбедно комплетирање на процесот. Имено, претстои демонтажа на триесетина постројки и усвојување на долгорочни решенија за складирање на радиокативниот отпад. Во владата оценуваат дека тие задачи ќе бидат голем предизвик.