За време на викендот заврши асфалтирањето на дел од улиците „Димо Хаџи Димов“, „Јане Сандански“ и „Борко Талев“ вредни 70.000 евра, како и улиците во Караорман вредни три милиона денари.
Станува збор за асфалтирање на 14 улици кои конечно се уредени по неколку децении. Овде активностите траеја малку подолго заради обемноста на градежниот зафат. Општина Штип презема активности за асфалтирање на нови улици согласно завршените тендерски постапки:
– Следни улици за асфалтирање се во населба Баби, улиците „Мара Минанева„ и „11 конгрес“ каде ќе биде ставен втор слој на асфалт, потоа „Иво Лола Рибар„, „Вита Поп-Јорданова“, „Крсте Мисирков“, „Сремски фронт“ кај некогашен „Базалт“, „АСНОМ“ како и улиците во селата Селце и Драгоево – изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност.