Заврши асфалтирањето на крак од улицата „Тодор Коларов“ што води околу клиничката болница. Станува збор за околу 300 метри од улицата кои добија нов асфалт.
Инвестицијата во вредност од над 20.000 евра, е oбезбедена од буџетот на општина Штип. Оваа недела се продолжува со плановите за асфалтирање на нови улици. Асфалт ќе добијат улиците во долна Железничка, улица „Широк дол“, потоа долниот дел од „Радански пат“, главната улица „Лески“ во населба Баби како и „Драги Крупишки“ во Дузлак.