Заврши акцијата „Цел Центар на точак“ за која општина Центар издвои 2,8 милиони денари, средства со кои се субвенционирани 1.047 велосипеди.
Од општина Центар се задоволни од текот на акцијата.
– Центарци покажаа голем интерес и за нецели два месеци се исполни квотата. Со минатогодишните 870 велосипеди центарци покажуваат дека сакаат поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж, посочуваат од општина Центар.