Насловна / Вести / Завршено европското производство на VW Polo, фабриката се трансформира за електрични модели

Завршено европското производство на VW Polo, фабриката се трансформира за електрични модели

Со монтажата на последното Polо, 40 години по почетокот на производството во шпанската фабрика Navarra, престанува европското производство на бестселерот на Volkswagen. Иднината на фабриката е во производството на два нови модели на електрични автомобили, а производството на Polo се сели во Јужна Африка. 
Првото VW Polo произведено во Шпанија излегло од производната лента на 20-ти март 1984 година, а сега после нешто повеќе од 40 години и 8.422.161 произведени примероци, фабриката се простува од легендарниот германски автомобил. Последниот примерок произведен во шпанија бил сино обоен модел со 1.0 TSI мотор од 95hp, рачен менувач со пет степени на пренос и опрема Life, кој ќе остане во Шпанија. Преостанатите модели кои и натаму ќе се склопуваат во фабриката Navarrо се SUV дериватите на Polо, помалиот и постар T-Cross и поголемиот и понов Taigo, единствените модели кои брендот ги произведува во оваа земја. Но, се ќе се смени за неколку години, имајќи во предвид дека се очекува од 2026 година во фабриката да се произведуваат два нови електрични автомобили кои Volkswagen планира да ги лансира. Тоа ќе бидат Volkswagen ID.2 X и Škoda Epiq, два мали SUV модели од B сегментот, базирани на платформата MEB Entry. За оваа трансформација, во фабриката ќе се инвестираат една милијарда евра. Од друга страна, ова не значи целосен крај за Polo, бидејќи тој ќе се продава во Европа и во наредните неколку години, но ќе пристигнува од Јужна Африка, каде ќе биде преселено производството на овој модел.

 

Испрати коментар

Scroll To Top