Насловна / Вести / Завршена санацијата и реконструкцијата на новиот мост „Гемиџии“ во Велес

Завршена санацијата и реконструкцијата на новиот мост „Гемиџии“ во Велес

_MG_3359

Јавното претпријатие за државни патишта со буџетски средства од околу 34 милиони денари за седум и пол месеци, или четири и пол месеци пред истекот на рокот целосно ја заврши санацијата и реконструкцијата на мостот „Гемиџии“ во Велес, а во кој ништо не било вложувано во последниве 50-ина години. Должината на мостот изнесува 172 метри, а широчината 11,3 метри, со коловоз широк седум метри.

Како што информира за медиумите Љупчо Георгиевски, директор на ЈП за државни патишта, првично завршувањето на работите беше планирано за една година, што значи до март 2015-та, а сега е завршено дури четири и пол месеци пред време, на 17 октомври годинава кога е извршен и технички прием.

Градоначалникот Славчо Чадиев потенцира дека општина Велес успеала да реализира уште еден важен проект за градот во соработка со ЈП за државни патишта.

– Со оваа реконструкција имаме многу подобар и постабилен мост кој е крвотокот на Велес, – потенцира Чадиев.

Воедно, Чадиев информира дека општина Велес во соработка со ЈП за државни патишта изработила уште еден проект за поврзување со тротоар на населбата Тунел со населбата Превалец, вреден над пет милиони денари.

– Моментално разговараме и за проширување на патот покрај езерото „Младост“ на делницата од ресторанот „Брод“ до двата мотела покрај езерото. Воедно привршуваат и работите на кружниот тек на влезот во Велес од кај Штипско џаде, а се како резултат на добрата соработка со ЈП за државни патишта, за што им искажуваме голема благодарност, – потенцира Чадиев.

Испрати коментар

Scroll To Top