Насловна / Вести / Завршена изградбата на ветерната електрана „Бајгора“ во Косово од 102,6MW

Завршена изградбата на ветерната електрана „Бајгора“ во Косово од 102,6MW

Германската компанија Notus Energy, ја заврши изградбата на ветерната електрана од 102,6MW кај селото Бајгора. Ова е најголемата ветерна електрана досега во Косово. Има вкупно 27 турбини од производителот General Electric, и веќе испорачува електрична енергија на мрежа. Проектот е реализиран од страна на SoWi Kosovo, заедничка компанија на израелската Elight Renewable Energy со германски и косовски партнери.

bajgora1

Изградбата на оваа електрана на територијата ан Општина Митровица, е поддржано од страна на Европската банка за обнова и развој  (EBRD) со кредит од 58 милиони евра, а во финансирањето учествувале и австриската Erste Bank и словенечката NLB. Планираното годишно производство на ветерната електрана е 320GWh, а централата е проектирана на експлоатациски век од 25 години.

bajgora2

Испрати коментар

Scroll To Top