Насловна / Архитектура / Завршена фасадата на новото обележје на Прага со потпис на Zaha Hadid Architects

Завршена фасадата на новото обележје на Прага со потпис на Zaha Hadid Architects

Новиот објект со својата висина, современа форма и материјализација го преобликува урбаниот пејзаж на Прага – градот со стотина кули.

2

Простирајќи се на 28.000 квадратни метри, овој канцелариски и малопродажен комплекс, проектиран од Zaha Hadid Architects, се издига седум ката во својот источен дел и девет ката во западниот дел.

Клучна карактеристика на зградата Masaryčka е нејзината интеграција со модернизираната историска железничка станица Masaryk.

3

Црпејќи инспирација од „златниот град со 100 кули“, оваа зграда се карактеризира со перки на фасадата кои служат како заштита од прегревање, но и претставуваат и меѓусебна игра на вертикални и хоризонтални елементи. Овој елемент е особено забележлив на фасадата свртена кон кулите на Стариот град.

4

На овој начин, зградата Masaryčka се впушта во визуелен дијалог со стариот град Прага. Меѓутоа, она што е најважно е што со овој проект е добиен нов јавен плоштад. Го подобрува пристапот до платформите сместени под земја и овозможува воспоставување на пешачка рута помеѓу улиците од спротивните страни на станицата.

5

Паркингот на блискиот булевар е заменет со нов јавен плоштад кој служи како порта кон градот за патниците кои доаѓаат од приградски и меѓуградски места, како и за оние кои се возат со експресната железничка линија до меѓународниот аеродром.

1

Објектот Masaryčka е посветен на одржливоста, со цел да постигне LEED Платинум сертификат. Зградата има двојно изолирана фасада за оптимизирање на природната светлина, како и тераси кои овозможуваат директен пристап до отворени простори, а тука се и заеднички отворени тераси од кои може да се ужива во панорамскиот поглед на градот.

6

Интегрираните паметни системи ја следат и прилагодуваат контролата на амбиентот во внатрешноста на објектот, намалувајќи ја потрошувачката на енергија.

Во рамки на објектот и околу него засадени се растенија и дрвја од локални видови, кои се наводнуваат со дождовница.

7

Исто така, целиот објект им дава приоритет на локалните добавувачи, како и на материјалите со висока содржина на рециклирани компоненти, што е усогласено со целите за 2025 година поставени од страна на RIBA 2030 Climate Challenge.

Засега целосно е изведена фасадата на зградата, како и дел од внатрешниот простор, а се очекува целиот проект да биде завршен и отворен во 2026 година.

8

Испрати коментар

Scroll To Top