Најголемиот проект на светот за зафаќање и складирање на јаглерод диоксид (CCS- Carbon Capture and Storage) од термоцентралата Parish Generating Station во близина на Хјустон во Тексас, е завршен на време и во рамките на планираниот буџет.
Постројката започна со пробна работа во јуни минатата година, а на крајот на 2016-та ја добива дозволата за употреба. Капацитетот на постројката е складирање на 1,4 милиони тони CO2 годишно, што е еквивалент на емисијата на 350 илјади автомобили.
Се смета дека на овој начин од димните гасови може да се одвои 90% од количината на CO2. Технологијата ја развиле од Mitsubishi Heavy Industries. Потоа, зафатениот јаглерод диоксид се потиснува во исцрпено нафтено поле во Тексас, со што се создава потенцијал за генерирање на нови јаглеводородни горива. Проценките кажуваат дека на овој начин може да се исцрпат дополнителни 60 милиони барели нафта, што влијае на стапката на поврат на инвестицијата во CCS постројката.