Насловна / Вести / Зависност од американски наместо од руски гас?

Зависност од американски наместо од руски гас?

Пред војната во Украина, Русија беше најголемиот снабдувач на Европската унија со природен гас, со удел од околу 45%. Затоа, веќе осум месеци главната задача пред земјите членки е да најдат алтернатива на рускиот гас. Исто толку отворено е и прашањето кој би можел да го заземе местото на најголем светски извозник на природен гас, и дали тоа ќе биде нова адреса која ќе го диктира однесувањето на граѓаните и економијата во Европа.

FILE PHOTO: Illustration shows Natural Gas Pipes and U.S. and Russian flags

 

Предупредувањето на членките на ЕУ е да ја намалат зависноста од рускиот гас, но претходните денови се погласно е уште едно предупредување – да не стане зависник од друг извор, односно американскиот гас. Тоа исто така многу би ја чинело Европа, бидејќи САД на Стариот континент го продаваат гасот и до четири пати поскапо отколку на својата територија. Затоа од Франција стигнува повик на рамнотежа помеѓу партнерите. Францускиот министер за финансии вели дека не треба да се дозволи САД да доминираат на светскиот енергетски пазар, додека ЕУ трпи последици од војната во Украина. Американскиот гас го диплираше своето учество на европскиот пазар од почетокот на војната во Украина. Тој е инаку 40% поскап од рускиот, што значајно влијае врз конкурентноста на европската економија.

usavsrussian2

 

Испрати коментар

Scroll To Top