Насловна / Архитектура / Завиена кула со градина во Тулуз

Завиена кула со градина во Тулуз

Tuluz kula occitanie libeskind4

Компанијата на американскиот архитект Daniel Libeskind е избрана да ја проектира 150 метри високата кула во Тулуз, која ќе биде прекриена со билки и дрвја и ќе се наоѓа во срцето на деловниот кварт на градот. „Occitanie Tower“ ќе биде изведена од страна на компанијата „Compagnie de Phaisbourg“, и со 40 ката претендира да биде првиот облакодер во овој француски град. Континуираниот вертикален пејзаж на фасадата и платформата од дрворед, даваат контраст на потписот на овој архитект кој е карактеристичен по аголните облици.

Tuluz kula occitanie libeskind1

„Occitanie Tower“ ќе содржи 120 станови, хотел „Hilton“, деловен простор за канцеларии, продавници и ресторани со панорамски поглед. На приземјето ќе бидат сместени просториите на познатата железничка компанија SNCF. Кулата ќе биде сместена источно од центарот на градот и далеку од реката Гарона, но интересно е дека ќе има поглед на поширокиот регион, па дури и на Пиринеите кои се оддалечени околу 100 километри. Планирано е изведбата да започне во 2018 и целосно да заврши во 2022 година.

Tuluz kula Occitanie Libeskind Tuluz Kula Libeskind Tuluz visoki gradbi

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top