Насловна / Вести / Затворена најстарата нуклеарна централа во Франција

Затворена најстарата нуклеарна централа во Франција

Најстарата француска нуклеарна централа е затворена на 30-ти јуни, после четири децении работа и двогодишна кампања од страна на антинуклеарните активисти. Затворењето на нуклеарката Фесенхајм, во близина на границата со Германија, е дел од планот на претседателот Макрон за намалување на зависноста од нуклеарната енергија и поголемо користење на обновливите извори на енергија. Процесот на отстранување на користеното гориво би требало да биде завршен до 2023 година, но компретното декомисионирање на електраната не се очекува пред 2040 година. По затворањето на Фесенхајм, во Франција и натаму остануваат активни 56 нуклеарни рекатори во вкупно 18 нуклеарни централи.

Макрон прифатил 146 препораки на климатската конвенција на граѓаните во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови, и најави 15 милијарди дополнителни средства во борбата против климатските промени во текот на наредните две години. Исто така, изразил и подготвеност за распишување на референдум за измени во уставот, со цел да бидат вклучени климатските цели.

fesenheim1

fesenheim2

fesenheim3

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top