Фабриката за целулоза и хартија, која со години го загадуваше Бајкалското Езеро, конечно е затворена. Така е ставен крај на 47-годишното испуштање на отпадни води во езерото под заштита на UNESCO. Иако повеќе од илјада луѓе останаа без работа, апсурдната индустриска претстава на Бајкалот е завршена. Единствената компанија која испушташе отпадни води во езерото што се смета за бунар на планетата, е затворена по две децении борба на активистите за заштита на животната средина. Наредниот предизвик на екологистите е претворање на градот каде беше лоцирана фабриката во еколошки град.
Извор: energetika.ba