Од денес до 20 декември ќе биде затворен за сообраќај кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ во Бутел, соопшти Градот Скопје.
Сиот превоз ќе биде пренасочен во наредните 10 дена по улицата „Цетинска“ и подвозникот на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“.
Автобуските линии со броевите 57, 47, 47а, 61, 71, 8 и 61, исто така, ќе се пренасочат во посочениот период, по улицата „Цетинска“ и подвозникот на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“.
Стопирањето и пренасочувањето на сообраќајот кај кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ се воведува поради изградба на атмосферска канализација кон улицата „Александар Урдаревси“.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa времено воведениот сообраќаен режим.