Германските автопати претрпеле штета поради исклучително топлото време во земјата со температури од над 30 степени Целзиусови. Се работи за делови од автопат кои се изградени од бетонски плочи. Поради недоволниот простор за дилатација, овие плочи пукааат и лесно се дробат. Со цел да се превенира понатамошно ширење на лоцираните дефекти навремената санација е исклучително важна. Од тие причини затворени се три ленти на автопатот А1 северно од Хамбург, како и делови од автопатот А10 кај Берлин.