Германија одлучи до 2022 година да ги затвори преостанатите 18 нуклеарни централи во земјата. Откако долго се бореа против оваа одлука на владата, германските енергетски концерни EnBW, E.On и RWE се досетија во овој процес, поточно во поделбата на неговите трошоци, да ја инволвираат државата. Извесно е дека „ликвидацијата“ на нуклеарките ќе чини тешки милијарди, и не зачудува што енергетските гиганти сакаат да се ослободат од оваа грижа. Во својот предлог, тие ѝ ги нудат на владата средствата што се собирани за таа намена за секој произведен kWh. Но, иако се работи за сериозна сума од 35 милијарди евра кои се собрани на овој начин, речиси сите се убедени дека овие средства нема да бидат ниту приближно доволни.