Насловна / Екологија / Затворање на ТЕ Косово во 2017?

Затворање на ТЕ Косово во 2017?

ТЕ Косово А
Со потпишувањето на Договорот за основање на енергетската заедница на Југоисточна Европа, Владата на Косово се обврза да ја затвори ТЕ Косово А до 2017 година. Во моментот оваа термоцентрала обезбедува третина од домашното производство. Прашањето што сега се поставува е дали во неможност за изградба на нови капацитети оваа обврска ќе биде одложена? Менаџментот на Електроенергетската корпорација на Косово (КЕК) и претставниците на граѓанскиот сектор со спротивставени ставови.

Првите загрижени за енергетската сигурност на земјата бараат начин како да го одложат затворањето на централата, додека вторите се исклучиво загрижени за заштитата на животната средина. Во истиот период ТЕ Косово Б, треба да претрпи сериозна реконструкција со значителни инвестициони вложувања заради исполнување на строгите стандарди за заштита на животната средина.

Испрати коментар

Scroll To Top