Насловна / Вести / Затворање на ретроспективната изложба на Крунислав Стојановски

Затворање на ретроспективната изложба на Крунислав Стојановски

Вечерва, 12 јануари со почеток во 20 часот во Музејот на град Скопје ќе се затвори ретроспективната изложба на македонскиот сликар Крунислав Стојановски со настап на Тони Китановски.

Постановката беше отворена речиси еден месец и поради големиот интерес вечерва со концерт и вино, и со пријатели на неговата уметност ќе биде и заокружена. Ова е негова прва ретроспективна изложба во Скопје, со оглед на фактот дека 30 години живее и работи во Загреб.kristali

Изложбата е насловена како „Циклуси“. Со оваа постановка тој одбележа 20 години творечка работа. Авторот за првпат во својот роден град се претстави со најголемиот број дела од неговиот целокупен минат труд. На изложбата беа претставени слики поделени во осум творечки циклуси.

Селекцијата ја направија Соња Абаџиева, нашата историчарка по уметност и самиот автор. Сликите се поделени во осум циклуси, на кои авторот работи во континуитет низ дваесет години. Најголемиот дел од нив се со експресивен карактер.

ciklusiLica

– Оваа изложба ми е од најголемо значење, затоа што е моја прва голема сликарска постановка во мојот роден град. Ова е ретка можност да се види добар дел од моето творештво, особено сликарскиот сегмент, на кој редовно му се навраќам, и физички и низ своите дела, зошто во сликите лесно се чита македонскиот ген и константната носталгија, вели авторот Стојановски.

Испрати коментар

Scroll To Top