На пет километри од Мелбурн, се наоѓа затворот Пентгриџ, кој е затворен во 1997 година и неколку години подоцна претворен во шопинг центар. Еден негов дел е трансформиран во пријатна кафетерија.
Во ѕидините на некогашниот затвор, каде некогаш биле сместувани најопасните криминалци на Австралија, сега се кријат продавници на познатите светски брендови.
Кога купувачите ќе се уморат од напорното пешачење и купување, тука е оваа релаксирачка атмосфера за одмор во кафетеријата. Ентериерот на просторот го потпишува архитектот Жан Пјер Бисол.
Во овој локал од 475 метри квадратни, доминира дрвото. Архитектот сакал да ја означи мрачната историја на ова место но во исто време да му вдахне нов дух на местото. Сивкастите тонови потсетуваат на минатите времиња, а пастелните бои на кафетеријата ѝ даваат свежина.
Кафeтеријата го доби интересното име Jury, што значи порота.