Насловна / Вести / Затоплувањето на планетата носи атмосферски реки

Затоплувањето на планетата носи атмосферски реки

Климатската криза веќе има големо влијание врз глобалните временски системи, промената на температурите, врнежите и шемите на дување на ветер. Една нова студија предвидува очекувани поплави над планинските делови на Источна Азија во блиска иднина.

Дождовите ќе донесат атмосферски реки, предвидуваат научниците. Големи количини на насочена концентрирана влага може брзо да предизвикаат поплави кога ќе наидат на бариера како што е планинскиот венец, ослободувајќи огромни количини вода за краток временски период.

atmosferski reki

Според истражувачите, врнежите во Источна Азија ќе бидат почести и посилни во наредните децении како што планетата се загрева. Повеќе вода ќе се транспортира преку воздухот, а повеќе врнежи ќе паднат на земја.

“Откривме дека и транспортот на водена пареа во атмосферата и врнежите се интензивираат низ јужните и западните падини на планините над Источна Азија во потоплите клими“, велат истражувачите во трудот објавен во Geophysical Research Letters.

Атмосферските реки ќе донесат невидени екстремни врнежи во Источна Азија во услови на глобално затоплување. Општо земено, атмосферските реки ја собираат влагата од потоплите области и ја депонираат во постудените региони.

Нивните движења се контролирани од промените на ветерот и температурата – токму таквите промени што климатските промени можат да ги донесат.

atmosferski reki1

Кога станува збор за региони како Јапонија, Тајван, североисточна Кина и Корејскиот полуостров, врнежите би можеле да достигнат рекордни нивоа, се вели во студијата. Најголем дел од дождот ќе падне на југозападните падини на јапонските Алпи.

За да дојдат до своите заклучоци, научниците спроведоа симулации врз основа на метеоролошките податоци собрани од 1951 до 2010 година, моделирајќи ги тие податоци до 2090 година и претпоставувајќи зголемување на температурата во согласност со поекстремните сценарија на климатските промени.

“Користевме симулации на глобалниот модел на атмосферска циркулација со висока резолуција, како и симулации на намалување на регионалниот климатски модел“, вели научникот за животна средина Јоки Каме од Универзитетот Јукуба во Јапонија.

За некои региони, зголемените врнежи од дожд ќе бидат корисни, а за други екстремните временски услови може да предизвикаат опасни поплави кои можат да предизвикаат сериозни катастрофи.

Ова е само најновата врска помеѓу климатските промени и зголемената фреквенција на екстремни временски настани.

atmosferski reki2

Истражувачите велат дека моделирањето би можело да се примени и на други области каде што би можеле да се развијат атмосферски реки. Иако останува многу неизвесност, се чини веројатно од ова и други студии дека одредени делови од светот ќе имаат многу повеќе врнежи во наредните децении.

“Нашите наоди веројатно се применливи за други региони на средни географски широчини, каде што интеракциите меѓу атмосферските реки и стрмните планини играат голема улога во врнежите, како во Северна Америка и Европа“, рече Јоки Каме од Универзитетот во Јапонија.

Испрати коментар

Scroll To Top