Во последните 40 години, Арктикот за загревал 4 пати побрзо од остатокот на Планетата. Ова го покажале резултатите од истражувањето на научниците во Норвешка и Финска. Иако постои долгогодишен заеднички став на науката дека Арктикот побрзо се загрева, проценките за брзината на тој процес се разликуваат кај различни студии.
Во последното истражување, анализирани се четири серии на температурни податоци собрани од 1979 година кога сателитските податоци стануваат достапни, а се однесуваат на целиот арктички круг. Притоа, откриено е дека Арктикот се загревал за 0,75 за период од 10 години, односно 4 пати побрзо од остатокот од Земјата. Студијата објавена во часописот Communications Earth & Environment, открива и значајни регионални варијации во стапката на згревање и во рамките на сарктичкиот круг.