Истражувачите од Институтот Фраунхофер развиле заштитен шлем опремен со сензор наменет з аракувачите со градежни машини. Иновацијата е претставена на Hannover Messe кој е отворен на 22 април, а завршува денес. Шлемот е дизајниран така што ги регистрира штетните вибрации кои делуваат на телото на работникот, што е особено важно со оглед на условите на работа. Попрецизно, сензорот ги регистрира вибрационите оптоварувања, а софтверот кои ги следи промените во реално време овозможува да се уочи кога се надминати дозволените граници. Ова е особено важно бидејќи фрекфенциите во опсег од 4 дo 6Hz претставуваат опасност за кичмата, додека очите и главата се особено чувствителни на фрекфенции во опсегот од 20 до 30Hz.