Насловна / Вести / Заштита од сонце и одблесоци – услов за квалитетна станбена и работна атмосфера

Заштита од сонце и одблесоци – услов за квалитетна станбена и работна атмосфера

Во моментите во кои сонцето безмилосно ги загрева просториите, се повеќе се бара идеалното засенчување. На помош доаѓа заштита од сонце и одблесоци – архитектите претпочитаат елементи кои не го загрозуваат дизајнот на фасадата, ниту естетиката на ентериерот.
Водечкиот германски бренд Schüco нуди продукти за заштита од сонце, со конструкција интегрирана во профилите на прозорските и фасадните системи – за ненарушена естетика во комбинација со заштита од непријатна светлина и топлина.

слика 1 _Integralmaster_AWS_m_Villa (Large) (Medium) (Small)_resize

Со Schüco Integralmaster и Schüco ZIP Design Screen можете да ги контролирате нивоата на осветленост, внатрешната клима, атмосферата и енергетската ефикасност на вашиот дом или канцеларија.

Schüco Integralmaster се ролетни, целосно сокриени во профилот на прозорецот, кои нудат целосна заштита од сонце, заштита од заслепување и заштита од прегледност однадвор. Незабележливо интегрирани во алуминиумските прозорски системи, тие не ја нарушуваат естетиката на ентериерот.

слика 2 Integralmaster_vertikal_d_Schnitt_02 (Large) (Medium) (Small)_resize

Како варијанта за внатрешни ролетни без големи кутии и странични водилки Schüco Integralmaster нуди и дизајнерски решенија за интегрирање во висечка фасада.

слика 3 _Integralmaster_AWS_FWS_m_Office_Google (Large) (Medium) (Small)_resize

слика 4 _ Integralmaster_in_FWS_50_60_d_Ausgefahren (Large) (Medium) (Small)_resize

Schüco Integralmaster одговара на сите европски норми за заштита од заслепување и одблесоци на работното место. Благодарение на специјалната конструкција и дуплата заштита од сонце и одблесоци Schüco Integralmaster нуди намалување на одблесоците до 97 %, редуцирање на сончевата светлина до 85 % и подобрување на заштитата од прегревање.

Schüco ZIP Design Screen (ZDS) e надворешен, целосно интегриран систем за заштита од сонце со висока издржливост на ветер.

слика 5 _ZIP_AWS_75_AWS_75_ PD_SI_m_Innen (Large) (Medium) (Small)_resize

Благодарение на финиот и тесен дизајн на водилките, системот за заштита од сонце Schüco ZDS се интегрира речиси невидливо во фасадните и прозорските системи на Schüco. А како одговор на високите архитектонски барања за дизајн, системот е достапен во различни дизајнерски варијанти и гарантира оптимално интегрирање во фасадната естетика.

слика 6 _ ZDS_AWS_01 (Large) (Medium) (Small)_resize

Странично интегрираните во профилот водилки и Zip-технологијата го прави Schüco ZDS еден од најотпорните системи на атмосферски влијанија и удар на ветер. Дури и спуштената ролетна може да издржи налети на ветер со брзина до 25 m/s = 90 km/h.

слика 7 _ZIP_UDS_80_m_Penthouse_innen (Large) (Medium) (Small)_resize

Во зависност од изборот на видот на текстил, ролетните одговараат на сите барања на модерната заштита од сонце: од непровидни материјали со целосна заштита од одблесоци и целосна приватност, до високо транспарентни платна, кои овозможуваат максимална врска со околната средина. Текстилните површини се едноставни и лесни за одржување, отпорни на атмосферски влијанија и со многу висок квалитет.

Целосна информација за системите за заштита од сонце може да добиете во Alukönigstahl, лиценциран претставник на Schüco за Македонија.

Комерцијален текст

ALT_logo

Испрати коментар

Scroll To Top