Ладното, влажно и ветровито време во зима, може да причини големи штети на дрвјата и грмушките во градината. Засолнувањето на растенијата со употреба на слама, лисја и разновидни садови, може да помогне во голема мера да се спречи појавата на какви било штети во зимскиот период од годината.
Заштита од премрзнување
Во подрачја со поблага клима, одредени видови растенија може да презимат и на отворено само со минимална заштита, додека во ладните месторастења, дури и на издржливите растенија им е потребно да се заштитат. Особено на ризик се изложуваат растенијата што се одгледуваат во саксии и најразлични декоративни садови, кои поради ниските температури се изложени на премрзнување на кореновиот систем.
Како еден од начините за заштита на растенијата, конкретно на палмите и бананите, е премотување на стеблото со соодветен материјал. Материјалите за зимска заштита најдобро е да се постават пред почетокот на појавата на првите мразеви. Во случај под заштитниот материјал да остане вода, може да настане трулење на растението.
Јутена заштита на растенија во жардињери
Изборот на водоотпорен материјал кој на одредени места би имал мали отвори за вентилација и спречување на создавање кондензација е најдобриот избор за ваков тип на заштита. Заштитата на четинарите е слична како кај претходните растенија, со тоа што во овој случај за премотување би се користел конец кој би ги држел крошните собрани.
Така врзани нема да го задржуваат снегот, со што нема да дојде до кршење и деформирање на одделни гранки. Чистењето од евентуално наврнатиот снег на четинарите и останатите дрвја со развиена крошна е задолжително во текот на целата зима.
Исчистена и мулчирана површина
Покрај физичката заштита на растенијата во зимскиот период, треба да се внимава и со прихраната, односно одредени видови не треба да се прихрануваат со азотни ѓубрива при крајот на есента, бидејќи тоа го стимулира растот на растенијата, а тоа може да причини штети во зимскиот период од годината.
Мулчирање околу дрвја
Заштитата на почвата е една од многу важните превентивни мерки во борба против зимските оштетувања на растенијата. Особено изложени се зелјестите растенија. Заштитата на почвата може да се изведе со употреба на најразлични огрански и неоргански материјали.
Превентивно врзување на четинари – заштита од мех. штети од снег
При употреба на органски материјали се изведува т.н. мулчирање на почвата, со што покрај обезбедување на топлотниот режим на почвата во зимскиот период, се врши и заштита од ерозија, на терени осетливи на јаки дождови.
Еден од начините да се спречи какво било оштетување на растенијата од зимските мразеви, е и изборот на место за засадување на одреден вид. Видовите како магнолија и камелија, кои цветаат рано на пролет, препорачливо е да се садат на месторастења кои се изложени на утринско сонце, со што би загревале раните пупки, што би резултирало со оштетување при доцни мразеви.
Мулчирање
Растенијата во саксиите и декоративните садови треба да се засолнат за презимување во суви, заштитени места. Како алтернатива на ваквата заштита, доколку немате услови за складирање преку зимата, е да се насадат во земја со или без саксија до следната пролет.
Заштита на палми во Канада