Насловна / Вести / Заштеда на енергија до 50 отсто со користење на пигменти во прозорците

Заштеда на енергија до 50 отсто со користење на пигменти во прозорците

На Универзитетот во Торонто, тим истражувачи на чело со професорот Бен Хатон направиле „течен прозорец“. Инспирација им била кожата од сипите и лигњите што ја менуваат бојата. Имено, овие животни можат да ги движат пигментите во клетките под кожата, преминувајќи од проѕирна во непроѕирна состојба и обратно. Следејќи го ова однесување, научниците направиле прототип на прозорец кој има повеќе слоеви пластика во кои се наоѓаат мрежи од микроканали со дебелина од 1 милиметар.

2

Она што го прават поменатите животни, научниците го постигнале со пумпање течности со различни пигменти или други молекули во микроканалите или од нив, во секој слој пластика посебно. Со ова се добиени повеќе комбинации на оптичкиот квалитет на прозорецот.

Веќе постојат „паметни“ прозорци кои електронски се прилагодуваат да ја пропуштаат сончевата светлина или да ја блокираат. Тие обично функционираат со делумно блокирање на видливиот спектар на сончева светлина и инфрацрвено зрачење, така што просторијата не станува премногу светла и топла. Сепак, во зима би било добро да се намали светлината, но да се овозможи загревање. Во одредени ситуации, би било соодветно да се спречи загревањето, но да се пропушти светлината.

1

Токму во тоа е предноста на овој нов производ. Пигментот што ја блокира видливата светлина може да се испумпа од еден слој пластика, а пигментот што го блокира инфрацрвеното зрачење може да се испумпува во вториот слој. Со вбризгување на пигмент кој ја расфрла светлина, може да се прилагоди мекоста/острината на видливата сончева светлина.

3

Рафаел Кеј, водечки автор на истражувачкиот труд, истакнува дека зградите трошат огромни количини електрична енергија за греење, ладење и осветлување. Со контрола на количината, видот и насоката на сончевата енергија, употребата на уреди за климатизација и осветлување може значително да се намали.

Се проценува дека зградата би трошила околу 25 отсто помалку енергија за греење, ладење и осветлување годишно, кога со „течните прозорци“ би се модифицирал само преносот на инфрацрвено зрачење. Ако со нив би се контролирал и продорот на видливата светлина, заштедата на енергија би достигнала и до 50 отсто.

Истражувањето неодамна е објавено во списанието PNAS.

00

Испрати коментар

Scroll To Top