Над 800.000 луѓе се појавиле минатиот понеделник во индискиот град Uttar Pradesh во обидот за соборување на светскиот рекорд во садење на дрвја. Планирано било да се засадат 50 милиони садници во само еден ден.
Градските власти ги поделиле садниците ширум градот, со цел помош во обновувањето на индиските шуми и соборување на Гинисовиот светски рекорд.
Најголем број садници досега за 24 часа се посадени во Пакистан во 2013 година, а нивниот број изнесува 847.275. Ревизорите од Гинис биле присутни на теренот и работеле инкогнито.