Фармер од САД засадил огромно поле со сончогледи како подарок изненадување за својата сопруга.
Ли Вилсон изјавил за локалните медиуми во Канзас, САД дека засадил 1,2 милиони сончогледи на 80 хектари земја за неговата сопруга Рене за да ја прослави нивната 50-годишнина од брак. „На 10 август славевиме 50 години брак. Што да земете за вашата жена за 50 години? Многу размислував и отсекогаш знаев дека обожава сончогледи. Па помислив да ги засадам оваа година, и тоа 32 хектари“, вели Ли.
Ли ги засадил во мај со помош на синот, и тоа во тајност за да не дознае Рене додека не почнат да цветаат.
„Се воодушевив. Се чувствувам многу посебно. Не можеше да биде посовршен подарок од поле со сончогледи“, вели Рене.
Двајцата се заедно речиси цел живот, а тоа било љубов на прв поглед.
Романтичниот гест на Ли привлекува големо внимание во цел Канзас, луѓе од целата држава доаѓаат за да се фотографираат во морето од сончогледи.