Zara Home неодамна ја презентираше новата кампања за пролет/лето 2018 година и како и секогаш досега, добивме неколку нови одлични идеи за уредување на просторот. Во новите визуелизации, акцентот е на неутрални тонови кои се хармонично комбинирани со пастелни нијанси на розова, зелена и сина боја.
Покрај тоа, сеприсутните се и златните детали кои секогаш ќе го најдат своето место во колекциите на Zara Home.
Целата кампања е водена од рустикалната естетика, и токму овој стил преовладува како во внатрешните, така и во надворешните простори, а предност во сите моменти е дадена и на големи лиснати зелени растенија, кои истовремено слободно би можеле да бидат и заштитен знак на оваа прекрасна кампања.