Насловна / Вести / Запрена изградбата на уште една бразилска хидроцентрала, поради протести

Запрена изградбата на уште една бразилска хидроцентрала, поради протести

Brazil protesti protiv hidrocentrala

Поради протести од страна на локалното население (индијанско племе), запрени се работите на проектот ХЕ Сао Маноел. Староседелците протестираат бидејќи сметаат дека со изградбата на уште една хидроцентрала во оваа област  сериозно ќе се загрози биодиверзитетот особено видовите кои се клучни за нивната егзистенција преку лов и риболов. Се работи за хидроцентрала со моќност од 700MW,  во западниот дел од бразилската сојузна држава Мато Гросо.

Brazil protesti protiv hidrocentrala brana

Централата ја гради бразилската хидроенергетска компанија Terra Nova.  Тоа е компанија во која подеднаков удел во сопственоста имаат: EDP Energias do Brasil -бразилската подружница на португалската електроенергетска компанија EDP, бразилската електроенергетска компанија Furnas и CWE Investment – подружница на кинеската хидроенергетска компанија China Three Gorges – оператор на хидроцентралата со исто име во Кина. Овој конзорциум ја добил зделката на тендерот објавен во 2014 година, според кој се сопственици на концесијата за изградба на електраната и правото за управување со постројката во наредните 30 години.

Brazil protesti protiv hidrocentrala mapa

Проектот вреди 490 милиони долари и според планот треба да е готов до крајот на 2017, но со оглед на последните настани овој рок сериозно е доведен во прашање.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top