Насловна / Вести / Започна реализацијата на проектот Биофос

Започна реализацијата на проектот Биофос

Општина Битола во рамките на третиот повик за прекугранична соработка од ИПА програмата помеѓу Република Грција и Република Македонија во соработка со партнерите – општинската компанија за топлифицирање „ДЕТЕПА“ од Аминтео и Технолошко образовниот институт од Кожани, Република Грција, аплицираше и го доби проектот со акроним Биофос. Вчера во општина Аминтео, Р. Грција, се одржа првата конференција за проектот Биофос на тема „Реален пристап кон искористување на биомасата за централно греење“, во делот на промотивните активности.aminteo 16

На конференцијата излагање имаа градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, градоначалникот на општина Аминтео Теодоридис Константинос, кои пред излагањата дадоа и свои изјави. „Сметам дека резултатите од оваа денешна конференција ќе бидат позитивни, со тоа што икористувањето на биомасата ќе биде во наша корист односно со имплементацијата на овој проект добивката ќе биде заемна“, изјави градоначалникот на општината Аминтео.

Целта на проектот е да се подобри квалитетот на животната средина во општина Битола преку искористување на биомасата.

„Веќе имаме позитивно искуство во нашата соработка со проектот Телетерм, што беше многу значаен за општина Битола, и тие искуства ги пренесовме во нашиот проект којшто треба да се реализира во почетокот на следнава година, а тоа е топлификација на Битола. Започнуваме со реализација на проектот Биофос и искуствата што ги има Аминтео со проектот за загревање на едно нивно училиште, мислам дека е значајно и тоа нивно искуство ќе го пренесеме за реализација на загревање за спортската сала во Битола“, истакна градоначалникот Талески.

Вкупната вредност на договорот за грант помеѓу ЕУ Делегација и општина Битола изнесува 135.513 евра.

Испрати коментар

Scroll To Top