Компанијата FCA Serbia вчера официјално ја одбележа успешната имплементација на проектот во фабриката на Stellantis во Крагуевац – воведување на нови линии за производство на електричниот модел Fiat Grande Panda. Новиот модел ќе се произведува во две верзии – електрична и хибридна, а од Крагуевац прво ќе стигне во Европа, па потоа на Блискиот исток и во Африка. Fiat Grande Panda спаѓа во автомобили од B сегментот, под четири метри должина и е прв во низата модели од новото семејство кое секоја година ќе лансира нов модел до 2027 година.
На прославата на 125 години од формирањето на Fiat во Торино, на 11-ти јули претставен е и новиот Fiat Grande Panda, инспириран од модел од 1980-тите. Развиен е на темелот на три клучни столба: италијанскиот дизајн, глобалната платформа и локалната релевантност. Цената на Fiat Grande Panda, ќе биде под 25.000 евра за целосно електрична верзија.